Синдикална понуда

Покрај основната заложба за заштита и унапредување на правата од работен однос преку склучување на колективни договори, а сакајќи да им помогне на своите членови во подобрувањето на нивниот животен стандард, САДУ започна со склучување на договори за деловно-техничка соработка со компаниите во Република Македонија кој нудат одредени поволности при набавка на основни животни потреби и намирници.

 

Станува збор за компании кој им ги приближуваат своите производи и услуги на нашите членови овозможувајќи им притоа попусти и можности за одложено плаќање на рати, преку задршка од плата.

 

Се надеваме дека во иднина и синдикалните организации ќе дадат свои сугестии и предлози за склучување на вакви договори, посебно оние синдикални организации кој се наоѓаат во регионите кој не се опфатени со постоечките договори.

 

Почитувајќи го барањето и потребите на нашите членови, досега склучивме договори за деловно-техничка соработка со повеќе компании во неколку најбарани сектори (дејности), и тоа:

 

 

Сите услови и поволности наведени во СИНДИКАЛНАТА ПОНУДА, важат исклучиво за членовите на САДУ и истите можат да ги користат со приложување на членска книшка и потврда која ја издава претседателот на синдикалната организација.