По повод големиот христијански празник Велигден во просториите на КСС, Секцијата на жени на САДУ организираше Велигденски хуманитарен хепенинг. Жените членови на Секцијата на жени на САДУ од повеќе синдикални организации при САДУ изработија најразлични творби со мотиви поврзани со овој наш голем празник, различни креации на јајца и традиционална велигденска храна кои беа ставени на продажба, а собраните средства се донација за децата без родители штитеници на домот 11 Октомври Скопје.
Во опуштена и пријатна атмосфера членовите на Секцијата на жени се дружеа и се надеваме дека ваквите настани ќе станат традиција.
Покрај хумнитарниот настан на кој се собранаа средствата беше организиран и настан на кој се дружевме со децата во Домот 11 Октомври Скопје.
Да донираме заедно!