Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија ( САДУ) ги информира сите синдикални организизации чии членови имаат статус на државни службеници дека имаат право да поднесат барање за надоместок на додаток на плата за кариера согласно член 37, член 38 и член 39 од Законот за државни службеници ( сл. весник на РМ, бр. 106 од 29.07.2013 година)
Право на надоместок имаат сите државни службеници кои се вработени пред 2012 година и кои се стекнале со минимален стаж во државната служба, а коишто се оценети со позитивни оценки и тоа три, четири или пет.
Секој член кој сака да поднесе барање е должен да обезбеди обрасци за оценување од датумот кога е вработен. Барањето се поднесува до инстутуцијата каде е вработен и истата треба во рок од 8 дена да се изјасни дали барањето ќе биде одбиено или одобрено.
Доколку на барателите кои ги исполнуваат условите за надоместок, барањето им биде одбиено може да поднесат тужба до надлежниот суд во рок од 15 дена.
Сите претседатели на синдикални организации се должни да ги информираат своите членови.
Урнек од барањето можете да добиете во вашата синдикална организација или во САДУ како и информации околу правната постапка.
Подетални информации за потребните документи кои се потребни за тужбеното барање можете да добиете во САДУ.