Мрежата на млади при EPSU спроведува истражување за визијата на младите во светот на работата под наслов ” Your vision, your future: Participate in the Future Vision of Youth at Work 2030 Survey!”
Истрашувањето се однесува на улогата на младите во општеството, синдикатите и многу други области.
За да се вклучите во истражувањето потребно е да се пополни краток прашалник кој ќе ви одземе 10 минути од вашето време, а ќе придонесе многу за резултатот на ова глобално истражување. Услов е да сте млада личност до 35 години и да сакате да дадете свој придонес во општеството.
Истражувањето е подржано од одборот на млади при Европската конфедерација на синдикати и од Европскиот младински форум.
Младите при Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија како дел од мрежата на млади при EPSU ќе даде свој придонес. Со кликање на следниот линк се приклучувате и Вие.
На следниот линк Ви го пренесуваме повикот во оригиналната форма кој е објавен на страната на EPSU.
” Your vision, your future: Participate in the Future Vision of Youth at Work 2030 Survey!”