На ден 10.09.2020 год. се одржа видео состанок помеѓу Претседателот на САДУ, Благоја Ралповски и претставник на Европската федерација на синдикати од јавен сектор – EPSU, односно г-дин Милош Влаосављевич кој е задолжен за организирање и кампањи за нашиот регион.
На оваа средба, претседателот во името на САДУ, како полноправна членка на ЕПСУ ја претстави состојбата, проблемите и предизвиците со кои се соочува јавната администрација како и реформите кои моментално се спроведуваат.
Претставникот од ЕПСУ , Милош Влаисављевич по изнесените информации од наша страна покажа голема заинтересираност за решавање на проблемите во јавната администрација, а беше најавена и посета во нашата држава за лично да ги увидат деталите и ја утврдат тековната состојба.
Исто така беше најавено вклучување на соодветните правни тела на ЕПСУ во решавање на проблемите со кои се соочува јавната администрација во Македонија и САДУ.