Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија член на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија излегува на Јавен предупредувачки протест кој ќе се одржи на 17.01.2018 година во 5 минути до 12 часот пред Владата на Р.Македонија.
Ние синдикатите здружени во Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија веќе повеќе месеци ги искажуваме нашите барања официјално до надлежните министерства и јавно на прес – конференции.
БАРАЊА ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
– Веднаш да престанат притисоците врз вработените во јавниот сектор, а особено притисоците врз синдикалните претставници и обидот за загушување на синдикалното движење.
– Веднаш да се пристапи кон усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата од Октомври 2017 година.
– Веднаш да започнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор без дискриминација на одредени дејности.
– Веднаш да започнат преговори за измена и дополнување на Општиот колективен договор за јавниот сектор со цел подигнување на работничките права во делот на минат труд, правото на регрес за годишен одмор и породилното отуство.
– Задолжително да се усогласуваат барањата за платите во јавниот сектор помеѓу репрезентативните синдикати и Владата, пред секое планирање на Буџетот на Р.Македонија.
