На ден 30.03.2022 год. (среда) Синдикатот на администрација и државната управа на
Македонија – САДУ со синдикалните организации излезе на предупредувачки јавен
протест заедно со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и повеќето од
гранските синдикати.
Синдикатот на администрацијата и државната управа со синдикалните организации
реагираше на донесениот заклучок на Владата според кој иако вработените нема да
земаат плата под минималната т.е. под 18 000 денари, но ВИСТИНАТА е дека
работниците кои во моментот земаат основна плата под минималната, а со додатоците
за плата и минат труд платата ќе надмине 18 000 денари макар и за еден денар, платата
ќе им остане иста.
Се врши манипулација за измени во Законот за административни службеници за кој што
не е направена ниту јавна расправа, а ниту се поведени соодветни постапки за закон, со
Европско знаменце, кој се донесува, или пак предлогот е предложен, потпишан и одобрен
од некој друг синдикат, а од друга страна предложените измени за исплаќање плата се
толку манипулативни, деградирачки и потценувачки за работниците. Дури и да се усвои
новиот предлог Закон, исплатата на плата се предвидува да биде минималната плата со
бодови и на тоа да се додаде минатиот труд. Најниската плата би била 18 163 денари со
сите додатоци на плата по разни основи.
Според САДУ излезот е во покачувањето на вредноста на бодот кој во моментот изнесува
81,6 денари на најмалку 103 денари со што ќе дојде до усогласување на платите.
Покачувањето на вредноста на бодот го носи Владата со одлука. Ова е излезот од
ситуацијата во која се наоѓаме, со што секој работник ќе ја добие платата што чесно и
вредно си ја заработил.
Време е да покажеме дека во општеството има синдикати и организации кои не
дозволуваат манипулација и поигрување со работниците.
Протестот започна 15:30 часот пред Собранието на Р.Македонија, во 16:30 часот се упати
кон Влада на Р.Македонија.