Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ на 20.06.2023 во Скопје одржа синдикална школа за претседателите на синдикалните организации при САДУ.
Темите кои што беа застапени на школата беа од областа на синдикално лидерство и влијанието на синдикатите во јавниот сектор, каде што се разви дискусија за улогата и влијанието на САДУ и синдикалните организации при САДУ во јавниот сектор.
Присутните дискутираа за колективното догововарање и моделот на плати во јавниот сектор, тема која што во моментот е доста актуелна во јавниот сектор во Македонија.
Како предавач на школата беше проф. д-р Лазар Јовевски, кој што е добар познавач на состојбите во синдикалното делување во Македонија како и долгогодишен соработник на САДУ.
Една од целите на оваа синдикална школа на САДУ беше и вмрежување помеѓу синдикалните организации на САДУ за подобро и поефикасно делување на синдикатот во целина.