EPSU со реакција за воведување на 60 часовна работна недела

Европската федерација на синдикати од јавен сектор испрати допис до Премиерот Димитар Ковачевски во кој ja искажува загриженоста во однос на кршење на меѓународните стандарди. Тие се придружуваат кон дописот кој го испрати Меѓународната организација на трудот во однос на измената за 60 часовната работна недела. Го проследуваме дописот во оргинална форма на следниов линк…

Годишен состанок на мрежата на млади при EPSU

Во периодот од 14ти до 17ти Јуни 2022 претставник на Синдикатот на администрација и државната управа на Македонија – САДУ присуствуваше на „EPSU Youth Meeting“ кој што се одржа во Тирана, Албанија. На настанот присуствуваа млади, членови на синдикатите од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија Норвешка, Литванија, Шведска, Австрија, Албанија, Косово, Германија, Романија, Турција,…

САДУ со барање за средба до УПОЗ за заедничко делување за покачување на платите

По објавата на синдикатот на УПОЗ, за организирање на предупредувачки протест следната недела за изразување на незадоволство од Владата поради непристапување кон покачување на платите во јавниот сектор, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) кој ги здружува работниците од истата дејност, испративме покана за средба со синдикатот на УПОЗ со цел усогласување…

САДУ со синдикалните организации излезе на предупредувачки јавен протест

На ден 30.03.2022 год. (среда) Синдикатот на администрација и државната управа на Македонија – САДУ со синдикалните организации излезе на предупредувачки јавен протест заедно со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и повеќето од гранските синдикати. Синдикатот на администрацијата и државната управа со синдикалните организации реагираше на донесениот заклучок на Владата според кој иако вработените…

САДУ бара преговори со ресорните министерства и Владата за покачување на платите

Синдикатот на администрација и државната управа на Македонија (САДУ) на 03.03.2022 испрати барање за итен состанок до Претседателот на Владата, со цел да се надминат несаканите последици од зголемувањето на минималната плата. САДУ како синдикат го поздравува и цврсто стои за покачувањето на минималната плата со што дадовме целосна поддршка, поради енормното зголемување на трошоците…

СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА

Синдикатот на администрација и државна управа им ги честита новогодишните празници на своите членови и им посакува многу здравје, среќа, радост и успех на приватен и на професионален план во Новата 2022 година.

 

Потпишан Колективен договор во Судскиот совет

На ден 29.12.2021 Претседателот на Синдикалната организација на Судски Совет Азбије Беќир и Претседателот на Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија Благоја Ралповски со Претседателот на Судски совет Павлина Црвенковска склучија Колективен договор. Склучувањето на Колективниот договор ги унапредува правата на сите вработени, а воедно се уредуваат и правата, обврските, одговорностите како и…

САДУ се приклучува кон протестот на Синдикатот на полицијата

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија ја дава својата поддршка за најавениот протест  во сабота на 08.05.2021 година. Се сложуваме со барањата кои ги има синдикатот и сметаме дека се легитимни и дека треба да бидат исполнети од страна на владата, а особено барањата кои се однесуваат на престанок на пресметките  со синдикалните…

Повик за солидарност и поддршка за протестот на КСС

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија дава потполна и безрезервна поддршка и се приклучува кон протестот, како грански синдикат при  Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, кој е закажан за  15.04.2021година. Како синдикат кој што ги претставува и брани правата на вработените во администрацијата и државната управа, во овие четири години не сме…

Упатуваме силна поддршка за најавениот протест на Синдикатот на полицијата на Македонија

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) испраќа неизмерна поддршка до раководството и до секој еден член и како грански синдикат застанува во првите борбени редови во секоја битка која има за цел да ги унапреди правата на работниците, но и цврсто да ги побара сите права кои се обесправени. ,,Сметаме дека е…