Потребни Документи
I. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за остварување на право од Солидарен
фонд се:
- Барање 1 (за неповратни средства)
- Барање 2 (за повратна позајмица)
Покрај пополнет образец Барање, за да можете да користите право од Солидарен фонд во вашата
синдикална организација, (соодветно на видот на помошта), потребни ви се следните документи:
- За смрт на член на потесното семејство
- Фотокопија од изводот од матичната книга на умрените;
- Фотокпија од лична карта на членот;
- За смрт на член на Синдикатот
- Фотокопија од изводот од матичната книга на умрените;
- За трајна или делумна неспособност за работа
- Наод и мислење од комисија за оценка на работна способност; или
- Решение од Фондот на ПИОМ;
- За потешки последици од елементарни непогоди
- Имотен лист (доказ за сопственост на станбениот објект);
- Потврда или Записник од надлежен орган (доказ за степенот на претрпената штета);
- За штрајк
- Мислење од претседателот на синдикалната организација.
- За повратна позајмица (бескаматен кредит)
- Предност ќе имаат лицата кој ќе достават доказ дека средствата им се потребни за лекување,
набавка на лекови или медицински помагала или школување на деца.
II. ПОСТАПКА за остварување на право од Солидарен фонд:
Членовите на Синдикатот барањето за остварување на право од Солидарен фонд (образец САДУ 1
/САДУ 2) заедно со потребната документација, го доставуваат преку Претседателот на синдикалната
организација до Комисијата за доделување на средства од Солидарен фонд (лично на рака или по пошта
на адресата на која се наоѓа седиштето на синдикалната организација). *НАПОМЕНА: Комисијата нема да
ги разгледува:
- некомплетно поднесените барања;
- барања доставени вон утврдените рокови; и
- барањата на барателите кој не уплатуваат во Солидарниот фонд.