Ексклузивно за своите членови САДУ склучи договор за набавка на спортска опрема од светски познати спортски брендови преку компанијата Д СПОРТ.
Д Спортска Опрема е дел на Џак – еден од најголемите мултибренд ланци за спортска опрема во Македонија и регионот на југоисточна Европа. Во асортиманот може да ги најдете сите најпознати светски брендови: “Капа ” “Nike”, “Adidas”, “Reebok”, “Hummel”, “Converse”, “Puma”, “Asics” и многу други.
На пазарот во Србија се од пред повеќе од две децении, а сега веќе работат во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.
Има голем избор на квалитетна спортска опрема на едно место за сите генерации на рекреативци и спортисти во нивните продавници, како и преку “on-line” купувањето https://www.dsport.mk/
Истите од сега се достапни за членовите на САДУ по поволни услови со одложено плаќање на 5 (пет) еднакви рати, без каматa, со минимален износ на рата од 500 денари и со право на користење на сите тековни акции.
Потребни документи:
– Изјава (потпишана и заверена од Претседателот на синдикалната организација).


