Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ-ФОН) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија (САДУ) склучија Меморандум за меѓусебна соработка, каде што една од поволностите за членовите на САДУ и нивните потесни семејства (брачен другар, деца и родители) е да студираат на АУЕ – ФОН со попуст во школарината од 20% на прв и втор циклус на студии, односно 1600 евра за година, со можност за плаќање на 6 месечни рати.
Школарината се плаќа на следниот начин:
- 300 евра во денарска противвредност како депозит при упис
- остатокот од годишната школарина се плаќа најмногу на 6 (шест) еднакви месечни рати врз основа на заверената потврда.
Членовите на САДУ и нивните потесни семејства може да ги користистат поволностите со приложување на:
- ПОТВРДА ОД ИНСТИТУЦИЈАТА КАДЕ ШТО Е ВРАБОТЕНО ЛИЦЕТО заверена со оригинален печат и потпис од овластено лице за издавање на потврди каде е вработен членот на САДУ, со административна задршка од неговата плата, во висина на договорените рати;
- ИЗЈАВА на корисникот на погодностите дека во случај на престанок на редовната исплата на рати со административна задршка од неговата плата, се обврзува на друг начин да ја обезбеди редовната исплата на ратите на давателот на погодностите, а во спротивно се согласува давателот на погодностите присилно да го наплати долгот од него со пресметана камата.
Изјавата лично потпишана од корисникот на погодностите се предава во два примероци; едниот примерок на давателот на погодностите, а другиот примерок го доставува до Синдикалната организација при САДУ;
- ПОТВРДА ОД СИНДИКАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРИ САДУ заверена со оригинален печат и потпис од овластено лице дека корисникот на погодностите e член на САДУ;
- ЛИЧНА КАРТА (на увид).
Напомена:
Попустот на годишната школарина важи за АКАДЕМСКАТА 2025/2026 година!
Во прилог и факултетите и насоките на кои можете да направите упис: