Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија за своите членови потпиша договор за деловна соработка со ПЗУ ,,БИОТЕК Лабораторија” Скопје.
БИОТЕК Лабораторија претставува приватна здравствена установа која има добиено 3 засебни лиценци за : биохемија- имунологија, микробиологија и молекуларна дијагностика.
БИОТЕК Лабораторија извршува лабораториски анализи и услуги врз основа на упат, нарачка или барање за потребите на нашите членови.
Согласно потпишаниот договор за деловна соработка, за членовите на САДУ и нивното потесно семејство важат повластени цени со попуст од 20% на услугите кои што ги нуди Биотек Лабараторија, согласно важечкиот ценовник.
Со приложување на потврда заверена од синдикатот која е подолу во прилог ќе ги искористите услугите на БИОТЕК Лабораторија.
За ценовникот, членовите може да се обратат до синдикалниот претставник.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- ПОТВРДА (потпишана и заверена од Претседателот на синдикалната организација)
ЛОКАЦИИ
Центар
Адреса: Ул. Васил Ѓоргов 12, 1000 Скопје, Р. Македонија
Контакт
02-5300 898
E-маил laboratorija@bioteklab.com.mk
Кисела Вода – Расадник
Адреса: Ул. Христо Татарчев 43Б, 1000 Скопје, Р. Македонија
E-маил laboratorija2@bioteklab.com.mk
Буњаковец
Адреса: Ул. Аминта Трети 44, 1000 Скопје, Р. Македонија
E-маил laboratorija3@bioteklab.com.mk
Ѓорче Петров
Ул. Македонска Војска бр.20, 1000 Скопје, Македонија
