Членовите на САДУ отсега ќе имаат можност за одмор и релаксација во ексклузивниот комплекс Nataly Spa во Сокобања, Србија.
Сместен во срцето на Сокобања, во природен амбиент покрај прекрасен поток, Nataly Spa се наоѓа на само 100 метри од прочуеното мермерно шеталиште. Овој комплекс претставува совршено место за одмор и релаксација.
Nataly Spa располага со 14 луксузно опремени апартмани во главниот објект и 4 апартмани во Конак Nataly. Во склоп на комплексот се наоѓа модерен спа центар, базен и простор за масажи.
Оаза на зеленило која нуди идеален спој на природа, комфор и спокојство за ваш совршен одмор.
ПОНУДА:
- Услуга ноќевање со појадок – 38 евра по лице дневно
- Полупансион – 43 евра по лице дневно
- Полн пансион – 48 евра по лице дневно
Посебни услови за деца:
- Деца од 0-3 години добиваат бесплатен престој и оброци, се плаќа осигурување дневно
- Деца од 3-5 години добиваат бесплатно сместување и појадок, доплата за ручек 7 евра и вечера 7 евра, се плаќа осигурување дневно
- Деца од 5-12 години: ноќевање со појадок 22 евра дневно, полупансион 28 евра дневно, полн пансион 33 евра
Специјален семеен пакет за членови на синдикатот: 2 ноќевања на база полупансион за две лица и 1 дете од 5-12 години, цена на пакетот 195 евра.
Напомена:
За секоја резервација потребно е да се обратите на следната е-пошта: contact@sadu.mk
Повеќе за хотелот може да најдете на нивната веб-страница: https://natalyspa.com/
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
– ПОТВРДА (потпишана и заверена од Претседателот на синдикалната организација)