Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија склучи договор и со стоматолошка ординација.
Се работи за ПЗУ Т.Бурназовски која е ординација со 25 годишно искуство и има склучено договор со ФЗОМ што значи дека работат како матичен стоматолог.
За членовите на САДУ, Бурназовски нуди услуги од општа стоматологија и протетика како: нанокомпозитни пломби, екстракција на заби, надоградба со ретенционо колче, естетски нанокомпозитни фасети, ендодонтска теропија на заби, чистење забен камен и полрање на заби, металкерамички, филпорцелански и фулцирконија коронки, акрилатни, визил и флексибилни протези по цени од фондот

Согласно договорот на членовите на САДУ им се овозможува плаќање на 3 до 12 рати со минимална висина од 1000 денари, како и за плаќање во готово 8,5 % попуст (за протетски изработки).
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- ПОТВРДА (потпишана и заверена од Претседателот на синдикалната организација)
Повеќе информации може да добиете на:
072 / 773 – 193
02 / 2 773 – 193
info@drburnazovski.mk
ordinacijaburnazovski@gmail.com
