Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија (САДУ) и МИНТ Кредит склучија договор со цел обезбедување на поволна кредитна понуда наменета исклучиво за своите членови.
Преку специјалната синдикална понуда на МИНТ Кредит, членовите на САДУ ќе имаат можност да користат кредитни производи со поволни услови и без дополнителни трошоци за обработка.
ПРОЦЕДУРА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- Потребните документи (наведени подоле) се пополнуваат од страна на апликантот и истите се доставуваат до Претседателот на Синдикалната организација.
- Пополнетите документи Претседателот на Синдикалната организација ги доставува до канцелариите на САДУ.
- Аплицирањето се врши ЕЛЕКТРОНСКИ СЕКОЈА СРЕДА од страна на САДУ.
- По извршената електронска апликација, апликантот ќе биде контактиран од страна на Финансиското Друштво за потпишување на договор.
ВАЖНО: Пополнетите документи треба да бидат доставени во САДУ во ОРИГИНАЛНА ФОРМА и во ДВА ПРИМЕРОЦИ (заверени со печат и потпис).
Апликациите со нецелосна документација нема да бидат земени предвид. За да се процесира барањето за кредит, задолжително е доставување на целосна и точна документација.
Дополнителни информации во врска со специјалната кредитна понуда:
- 30.000 денари со месечна рата од 5.193 денари на 6 рати
- Вкупен износ на отплата: 31.155 мкд
50.000 денари со месечна рата од 4.465 денари на 12 рати
- Вкупен износ на отплата: 53.575 мкд
100.000 денари со месечна рата од 4.740 денари на 24 рати
- Вкупен износ на отплата: 113.750 мкд
120.000 денари со месечна рата од 5.705 денари на 24 рати
- Вкупен износ на отплата: 136.920 мкд
Во прилог табела со детална пресметка за износот на кредитот, рокот на отплата и висината на месечните рати:
Дополнително, во прилог табела со износ на кредит и вкупен износ за негово враќање:
Членовите при аплицирање за кредит/и од Финансиското Друштво задолжително ги доставуваат следните документи:
- ПОТВРДА за членство во Синдикалната организација (издадена од Синдикалната организација заверена со печат и потпис);
- Заверена АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА од плата со оригинален печат и потпис од одговорното или овластеното лице каде е вработен членот на Синдикалната организација;
- ИЗЈАВА за согласност за обработка на лични податоци.