Во рамки на заложбите за подобрување на бенефициите за своите членови, САДУ воспостави соработка со реномираниот хотел Vrnjačke Terme во Врњачка Бања, Србија.
Во срцето на Врњачка Бања, во непосредна близина на познатиот Јапонски парк, се наоѓа комплексот на водениот рај – Vrnjačke Terme. Вистинско место за сите љубители на водени активности и релаксација.
Во рамките на целиот комплекс се сместени 5 затворени базени со 2 тобогани и 3 отворени базени, исто така со 2 тобогани. Сите базени содржат термоминерална вода со температура 32°–36°C.
Дополнително, можете да уживате и во прекрасниот Wellness центар кој нуди богата програма за релаксација и истиот вклучува сауна, солена соба, тепидариум, парна бања и соба за масажа.
Идеално место за целосен одмор на телото и умот.
Понуда за ноќевање со појадок:
- 1/1 супериор соба – 55 евра по лице на ден
- 1/2 супериор соба – 38 евра по лице на ден
- 1/1 де лукс апартман – 71 евра по лице на ден
- 1/2 де лукс апартман – 51 евра по лице на ден
- 1/3 де лукс апартман – 45 евра по лице на ден
Понуда за полупансион:
- 1/1 супериор соба – 68 евра по лице на ден
- 1/2 супериор соба – 51 евра по лице на ден
- 1/1 де лукс апартман – 83 евра по лице на ден
- 1/2 де лукс апартман – 64 евра по лице на ден
- 1/3 де лукс апартман – 58 евра по лице на ден
Услови за деца:
- Деца од 0 до 7 години – бесплатно сместување
- Деца од 7 до 12 години – 50% попуст
- Деца над 12 години – полна цена како за возрасни
Минимум престој: 2 ноќевања
Во цената не е вклучена престојна такса. Истата се наплатува согласно Одлуката за престојна такса на Општина Врњачка Бања.
Напомена:
- Цените не важат за време на верски и државни празници, како и за специјални договорени настани.
- За секоја резервација потребно е да се обратите на следната е-пошта: contact@sadu.mk
Повеќе за хотелот може да најдете на нивната веб-страница: https://vrnjacketerme.rs/
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ :
– ПОТВРДА (потпишана и заверена од Претседателот на синдикалната организација)