Во рамки на заложбите за подобрување на бенефициите за своите членови, САДУ воспостави соработка со реномираниот хотел Vrnjačke Terme во Врњачка Бања, Србија.
Во срцето на Врњачка Бања, во непосредна близина на познатиот Јапонски парк, се наоѓа комплексот на водениот рај – Vrnjačke Terme. Вистинско место за сите љубители на водени активности и релаксација.
Во рамките на целиот комплекс се сместени 5 затворени базени со 2 тобогани и 3 отворени базени, исто така со 2 тобогани. Сите базени содржат термоминерална вода со температура 32°–36°C.
Дополнително, можете да уживате и во прекрасниот Wellness центар кој нуди богата програма за релаксација и истиот вклучува сауна, солена соба, тепидариум, парна бања и соба за масажа.
Идеално место за целосен одмор на телото и умот.
Понуда за ноќевање со појадок:
- 1/1 супериор соба – 6.900 rsd по лице на ден
- 1/2 супериор соба – 5.270 rsd по лице на ден
- 1/1 де лукс апартман – 8.780 rsd по лице на ден
- 1/2 де лукс апартман – 6.440 rsd по лице на ден
- 1/3 де лукс апартман – 5.730 rsd по лице на ден
Понуда за полупансион:
- 1/1 супериор соба – 8.420 rsd по лице на ден
- 1/2 супериор соба – 6.440 rsd по лице на ден
- 1/1 де лукс апартман – 10.180 rsd по лице на ден
- 1/2 де лукс апартман – 7.960 rsd по лице на ден
- 1/3 де лукс апартман – 7.250 rsd по лице на ден
Услови за деца:
- Деца од 0 до 7 години – бесплатно сместување
- Деца од 7 до 12 години – 50% попуст
- Деца над 12 години – полна цена како за возрасни
Минимум престој: 2 ноќевања
Во цената не е вклучена престојна такса. Истата се наплатува согласно Одлуката за престојна такса на Општина Врњачка Бања.



Напомена:
- Цените не важат за време на верски и државни празници, како и за специјални договорени настани.
- За секоја резервација потребно е да се обратите на следната е-пошта: contact@sadu.mk
Повеќе за хотелот може да најдете на нивната веб-страница: https://vrnjacketerme.rs/
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ :
– ПОТВРДА (потпишана и заверена од Претседателот на синдикалната организација)
