Компаниите се должни да обезбедат здрави и безбедни услови за работа како предуслов за брзо, ефикасно и навремено исполнување на работните обврски на работниците. Безбедност и заштита при работа е начин за обезбедување заштита на нивното физичко и психичко здравје, како и за обезбедување достоинство и хуманост во работните односи.
Мерките, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените се уредуваат со Закон за безбедност и здравје при работа, а инспекциски надзор во оваа област врши Државниот инспекторат за труд.
Обезбедувањето здрави и безбедни услови за работа е обврска, пред сè, на работодавачите, но, исто така, значајна е и улогата на работниците и нивните претставници.