ОБВРЗНИК ЗА ПЛАЌАЊЕ на придонеси од задолжително социјално осигурување е физичко лице/осигуреникот во чие име и за чија сметка се плаќаат придонесите и персоналниот данок, а истите во име на работникот ги пресметува и уплатува работодавачот при пресметката за плата како процент од бруто платата.
| Придонеси | Стапка |
| Задолжително пензиско и инвалидско осигурување | 18% |
| Задолжително здравствено осигурување | 7,3% |
| Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување | 0,5% |
| Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност | 1,2% |
