Извршниот одбор е извршно тело на САДУ.
Извршниот одбор носи одлуки и предлог дневен ред за свикување на Претседателството.
Извршниот одбор брои шест члена: Претседателот, Генералниот секретар и двајцата Потпретседатели по функција се членови на Извршниот одбор.
Во случај на еднаков број гласови одлучува гласот на Претседателот.
Извршниот одбор ги изготвува сите одлуки донесени од Претседателството и Советот на САДУ и истите ги реализира.
Во исклучителни моменти носи одлуки од витално и суштинско работење на САДУ кои ги верификува Претседателството на секој нареден состанок.
Извршниот одбор ги има следните надлежности:
- основа одбори, комисии и други работни тела;
- организира синдикално образование и едукација за синдикалните претставници;
- врши избор на делегати и членови во органите на другите асоцијации;
- донесува акти со кои се регулира работата на органите и телата на САДУ;
- донесува нормативни акти со кои се регулираат прашањата од работниот однос на вработените во Стручната служба на САДУ;
- ги спроведува одлуките на Советот и Претседателството;
- врши и други работи во согласност со Статутот.