Во Уставот на РМ е определено дека правата од работен однос во РМ се уредуваат со закон и со колективни договори.
Со колективните договори се уредуваат правата и обврските на договорните страни што го склучиле тој договор, а може да содржат и правни правила со кои се уредуваат склучувањето, содржината и престанокот на работните односи и други прашања од работните односи или во врска со работните односи.
Согласно ЗРО, постојат:
- општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството,
- општ колективен договор за јавниот сектор,
- посебни колективни договори на ниво на гранка, односно оддел согласно Националната класификација на дејности,
- и поединечни колективни договори на ниво на работодавач.