Конгресот е највисок орган на САДУ кој се свикува на пет години или по потреба.
Бројот, составот и структурата на делегатите на Конгресот се утврдуваат со посебна одлука на Претседателството.
Конгресот ги има следните надлежности:
- донесува Деловник за работа на Конгресот;
- донесува Статут и Програма за работа на САДУ;
- го усвојува Извештајот на Претседателството за активноста на САДУ и Извештајот на Надзорниот одбор;
- врши избор на Претседател на САДУ;
- го верификува мандатот на членовите на Претседателството;
- врши избор на членови и заменици членови на Надзорниот одбор и Статутарната комисија;
- донесува одлука за здружување и раздружување;
- донесува одлука за престанок на дејствувањето на Синдикатот.
- со Конгресот ракводи работно Претседателство од 3 члена избрани на Претседателството.