Поагајќи од своите статутарни и програмски насоки, Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија се погрижи на своите членови да им обезбеди бесплатна правна помош и заштита и бесплатно судско застапување при повреда на нивните права од работен однос.
Работите на правната помош и заштита, советодавните и консултантските услуги за правата пропишани во трудовата легислатива и колективните договори и застапувањето на членовите пред судовите во Република Македонија се врши преку избрана адвокатска канцеларија од Скопје.
Врз основа на склучен договор за давање на консултантски услуги, адвокатската канцеларија ги овозможува следните услуги:
- правни консултации и советувања за работно-правни прашања и правата од колективните договори;
- составување на акти, писмена и поднесоци ( приговори, тужби, жалби и слично); и
- застапување пред судовите во Република Македонија.
Доколку имате членската книшка на САДУ сите услуги на адвокатската канцеларија во врска со заштитата на Вашите права од работен однос за Вас се БЕСПЛАТНИ.
Правна помош за членовите на САДУ од страна на адвокатската канцеларија се врши исклучиво по претходно добиена Упатница која ја потпишува и заверува претседателот на САДУ или лицето кое тој ќе го овласти.