Претседателот на САДУ е истовремено Претседател и на Советот, Претседателството и на Извршниот одбор. Неговиот мандат е 5 години со право да биде повторуван.Претседателот го претставува и застапува САДУ во правниот промет и пред трети лица.
Претседателот ги има следните надлежности:
-свикува седници на Извршниот одбор, на Претседателството и на Советот и раководи со нив;
-остварува разговори и преговори со соодветните партнери во државата и ги потпишува колективните договори по дејности;
-ги застапува целите и интересите на САДУ;
-ги насочува активностите на Претседателството во согласност со Статутот и Програмата на САДУ;
-контактира со средствата за јавно информирање и држи конференции за печат;
-остварува соработка со другите синдикати, здруженија и невладини организации;
-воспоставува контакти и соработка со соодветните синдикати и асоцијации од другите земји и го претставува во земјата и странство;
-врши и други работи во согласност со овој Статут;