САДУ склучи договор за деловна соработка со МИНТ ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ДООЕЛ Битола, друштво за технички испитувања и анализи кое нуди целосни услуги за технички преглед и регистрација на моторни возила.
Минт Центар е современ технички и административен центар кој ги обединува клучните услуги за возачите и сопствениците на возила: технички преглед, регистрација на возила, осигурување и кредити – на едно место.
Согласно договорот, вработените кои се членови на САДУ можат да ги користат услугите на МИНТ ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД во Битола со плаќање на рати со задршка од плата. Плаќањето на рати се врши на 10 (десет) еднакви рати, при што една рата не може да биде помала од 1.000,00 денари. Останатите државни давачки кои се составен дел од техничкиот преглед, корисникот на услугата е должен да ги плати во моментот на користење на услугата.
Локација на станицата за технички преглед во Битола:
МИНТ ЦЕНТАР
УЛ. МИХАИЛ АПОСТОЛСКИ ДОНЧО БР.7
+389 2 15 007
info@mintsn.mk
Пон-Пет 08:00 – 16:00
Саб: 09:00 – 15:00
*Сите подетални информации во врска со услугите на Минт Центар можат да се погледнат на самата веб-страна.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
• ПОТВРДА (потпишана и заверена од Претседателот на синдикалната организација)
• ИЗЈАВА на корисникот на погодностите дека во случај на престанок на редовната исплата на рати со административна задршка од неговата плата, се обврзува на друг начин да ја обезбеди редовната исплата на ратите на давателот на погодностите
