САДУ ексклузивно за своите членови склучи договор со добропознатиот бренд ОРКА СПОРТ – ИНТЕРСПОРТ, малопродажен ланец на спортски продавници кои работат во рамките на компанијата Орка Холдинг.
Компанијата е позната како мултибренд и во своето портфолио има регистрирано голем број на светски спортски брендови зад кои стои како официјален претставник. Одличната соработка се реализира со некои важни брендови како што се: Adidas, Fila, New Balance, Wilson , Reebok, Rosignol, Atomic, Stiga ….
На членовите на САДУ, производите од продавниците на ОРКА СПОРТ достапни им се по поволни услови за купување на производи со безготовинско плаќање до 6 (шест) еднакви месечни рати, преку задршка од плата, со минимален износ на месечната рата во висина од 1000,00 денари.
Потребни документи:
– ПОТВРДА (потпишана и заверена од Претседателот на синдикалната организација)
– Слип со сериски број од Орка Спорт ( побарајте го во САДУ) види пример

Адреса: Скупи 5А, 1000 Скопје Р. Македонија
Тел: +389 2 3099 509
Факс: +389 2 3099 699
www.orkasport.com.mk
