На 02.11.2019 (сабота) се одржа првиот Конгрес на Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ, на кој се избираше Претседател и се усвоија нови синдикални политики.
Кандидати за претседател беа Благоја Ралповски и Драган Јосевски. За Претседател беше реизбран досегашниот претседател Благоја Ралповски.
На Конгресот беа усвоени Програмата на САДУ за следните 5 години и декларација со заложби за синдикално делување. Усвоени беа три резолуции и тоа “Резолуција за синдикално единство”, “Резолуција за поттикнување на колективното договарање” и “Резолуција за борба против сите форми на дискриминација на работното место”
САДУ и понатму останува на својот пат за синдикална борба и ќе се залага за исполнување на досегашните барања и ќе се бори против најавениот трансфер од јавен во приватен сектор, а ќе продолжи да ги фаворизира своите решенија како што се внатрешна преквалификација на јавната администрација и предвремено пензионирање.
На Конгресот освен делегатите кои гласаа за изборот на нов Претседател, присуствуваа и претседателите на гранските синдикати на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, чиј грански синдикат е и САДУ.







