Во периодот од 03 до 06 Септември 2015год. се одржаа Вторите Спортски Синдикални игри во организација на Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ, во хотел Десарет, Охрид. Учество на Вторите синдикални спортски игри и средби земаа околу 400 членови од 20 синдикални организации во различни дисциплини .
Вторите синдикални спортски игри беа свечено отворени на 03.09.2015г. на фудбалското игралиште на хотел Десарт од страна на Претседателот Благоја Ралповски кој со краток говор ги прогласи игрите за отворени.
Следните три дена беа одиграни сите натпревари во 10 дисциплини за мажи, 9 дисциплини за жени и две заеднични дисциплини .
По завршувањето на Вторите синдикални спортски игри 2015, Претседателот и потесното раководство на САДУ ги доделија наградите како и дипломите и благодарниците на сите учесници кои имаа придонес во реализацијата на игрите. По прогласувањето на првите три места во заедничките дисциплини Претседателот Благоја Ралповски ги прогласи игрите за завршени.
Мажи :
Мал фудбал
Кошарка
Пинг-понг
Стрелаштво
Шах
Пикадо
Куглање
Трчање
Скок во далечина
Фрање на ѓуле
Жени:
Кошарка
Пинг-понг
Стрелаштво
Шах
Пикадо
Куглање
Трчање
Скок во далечина
Фрање на ѓуле
Заедничка дисциплина :
Влечење на јаже 4+3(мажи + жени)
Волеј бич 1+1 рез. машко + рез. женско