На ден 20.06.2018 год. се одржа национална работилница на Синдикатот на администрација и државна управа во соработка со Бизнис конфедерација на Македонија кои се дел и учествуваат во спроведување на проектот “Overcoming challenges in the field of posting of workers through joint cooperation of social partners from public sector” односно надминување на предизвиците во областа на распоредување на работниците, преку заедничка соработка на социјалните партнери од јавниот сектор. Спроведувачи на овој проект исто така се и синдикати од Шпанија, Полска, Бугарија, Црна Гора, Србија и Албанија.
Овој проект опфаќа примена на директиви кои се однесуваат на прераспределба на работниците од јавниот сектор во друга земја од Европската унија, да бидат даватели на услуги, односно да работат таму привремено.
На одржаната работилница помеѓу учесниците се дискутираше за споменатите директиви, каква е нивната примена во нашата држава и дали истата воопшто постои.
Овие директиви обезбедуваат минимална утврдена заштита на вработените кои се привремено прераспоредни да работат во друга земја во ЕУ. Ако постојат колективни договори кои важат за сите вработени во една земја од Европската унија, треба тие колективни договори да бидат јавни, транспарентни и да важат и за прераспоредените работници. Согласно овие директиви фирмите каде што се упатени работниците мора да ги почитуваат правата во однос на минималниот износ на плата кој треба да го добиваат ( кој е утврден во земјата ) заштита при работа, почитување на колективните договори, платен годишен одмор, здравствена заштита, заштитни мерки за трудници, жени кои пред брзо родиле, деца и млади лица, еднаков однос према мажите и жените и отстранување на секаков вид дискриминација.
Како заклучок се разговараше за важноста на овој проект поради потребата од информираност и познавање на директивите особено како земја кандидат за членство во Европската унија потребата од тоа да предложат заеднички иницијативи со социјалните партнери од земјите на ЕУ со цел подобра заштита на правата на распределените работници, но истовремено време за генерирање на слободно и фер движење на работници и повисоки нивоа на вработеност.