Во периодот од 27-29.09.2024 год. во х. Аквалина се одржаа осмите спортски синдикални игри на САДУ.
Игрите поминаа во спортски дух, натпреварување и дружење меѓу членовите на САДУ кои оваа година беа над 350.
Игрите првиот ден ги отвори претставник од општина Охрид, Ана Крстеска која се заблагодари на поканата и изрази благодарност што како место за одржаување на синдикални активности е избран градот Охрид. Посака среќа на сите екипи и убав престој во Охрид.
На овие игри присуствуваа домашни, а секако и странски гости.
Дисциплините во кои се натпреваруваа екипите, во машка, женска и заедничка категорија, беа мал фудбал, баскет, пинг-понг, стрелаштво, шах, пикадо, серва, влечење јаже и одбојка.
Скоро сите синдикални организации извојува победа во некоја од категориите за што беа доделени и пехари за освоено прво, второ и трето, место.
На крајот на овие спортски игри како севкупен победник е Синдикалната организација на на затворите.
Во прилог: Галерија