Во периодот од 13 до 16 септември Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија ги одржа овогодинешните синдикални спортски игри на САДУ, овој пат во хотел Дрим во Струга.
Како и секоја година игрите се одржаа во натпреварувачки дух и голема дружба под мотото најважно е да се учествува, но супер е и ако се победи.
Натпреварите се одвиваа во следните категории:
мал фудбал, кошарка, пинг-понг, стрелаштво, шах, пикадо,
куглање, трчање, скок во далечина, Влечење на јаже и други
во машка и женска конкуренција и мешана конкуренција.
Меѓу победниците може да ги споменеме неколку и тоа синдикалната организација на КПУ Затвор Скопје во категорија влечење јаже, синдикатна организација на ГТЦ Скопје во категорија фудбал, првото место во категорија шах во женска конкуренција го освои женската екипа на синдикалната организација на правосудство, додека во машка конкуренција прво место освои синдикалната организација на општина Гази Баба.
За севкупен победник е прогласен тимот на синдикалната организација на КПУ Затвор Скопје.