На ден 07.07.2014 година, понеделник се одиграа полуфиналните дулеи во лигата во мал фудбал.
Во првото полуфинале со почеток од 20 часот се сретнаа екипите на СО на Основен суд Скопје 1 и екипата на Синдикалната организација на катстарски службеници која заврши со резултат 8:4, на полувреме 4:0. Во второто полувреме по доминацијата на СО на Основен суд Скопје 1 екипата на Синдикалната организација на катастарски службеници успеа да воспостави резултатска рамнотежа и теренска иницијатива и намали на 4:3 но по неколку неискористени шанси за изедначување СО на Основен суд Скопје 1 ја потврди победата.
Во второто полуфинале кое започна во 21:00 часот се сретнаа екипите на СО на Град Скопје и СО на ПИОМ која заврши со резултат 3:2 која на полувреме беше 0:2 за екипата на СО на ПИОМ.
Првото полувреме им припадна на екипата на СО на ПИОМ која на полувреме имаше водство од 2:0, но вториот дел екипата на СО на Град Скопје ја презема иницијативата и направи целосен пресврт така да екипата на СО на Град Скопје победи со резултат 3:2 и се пласираше во финалето.
На ден 10.07.2014 година се одигра малото финале натпреварот за трето место, во кој се сретнаа екипите на СО на ПИОМ и Синдикалната организација на катстарски службеници која заврши со резултат 2:1, полувреме 1:1 .Во текот на целиот натпревар се водеше голема битка така да на крајот СО на ПИОМ со гол во последните моменти поведе со 2:1 и го освои теретото место.
Во финалето одиграно истиот ден со почеток во 22 часот се сретна екипите на СО на Основен суд Скопје 1 и екипата на СО на Град СКопје која заврши со резултат 6:4, полувреме 1:1.Во текот на целиот натпревар се водеше изедначена борба така да на крајот попрецизната екипа на СО на Основен суд Скопје 1 славеше со резултат 6:4 и ја освои првата САДУ лига во мал фудбал.
По завршетокот беа прогласени победниците на целата лига. Трето место освои Со на ПИОМ, второ место СО на Град Скопје, а Шампиони на лигата беа СО на Основен суд Скопје 1.
На церемонијата беа доделени благодарници до сите екипи учесници , до сите што помогнаа да се одржи оваа лига, како што и беше прогласен најдобар голман, Драган Јосевски од СО на Основен суд СКокпје 1 , најдобар играч Наим Арифи од СО на ПИОМ и најдобар стрелец Љубиша Стојковски од СО на Град Скопје. За нај фер плеј екипа беше прогласена екипата на СО на АХВ.
По прогласувањето на победниците и доделувањето на пехарите и благодарниците се пристапи на самиот терен на скромен коктел за прославување на успешноста на завршување на целата ПРВА САДУ лига во мал фудбал 2014.