Во периодот од 13-15.10.2025 год. во хотел Молика, Битола се одржа шестата синдикална школа на САДУ во најавениот втор термин.
Успешно реализирана синдикална школа со многу прашања, но и со одговори на истите. Се разјаснија многу дилеми и се информираа учесниците за тоа како во иднина ќе се применуваат законите кои се мноу важни за нас, а тоа се закон за административни службеници и закон за вработени во јавниот сектор.

На овие теми предавач беше Југослав Ѓорѓиевски кој учествувал во изработка на овие закони и детално ги познава одредбите и начинот на нивната примена.

Другата важна тема беше колективните договори и колективното преговарање за која предавач беше проф. д-р Лазар Јовевски. Како професор воедно и како синдикалец го пренесе своето знаење, заклучоци како и совети во однос на тоа како може да се изготват колективни договори кои ќе донесат подобри права за работниците.
На крајот секако беа извлечени заклучоци, учесниците добија јасна слика за законите и одговори за конкретни ситуации кои се случуваат во пракса.









