(Скопје, 19.09.2013 година)
На 19 септември 2013 година, во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта во Скопје, се пристапи кон склучување на Колективен договор на ниво на работодавач.
Колективниот договор го потпишаа претседателот на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со пасишта Г-ин Иван Соколов од една страна и претседателот на Синдикалната организација при ЈП за стопанисување со пасишта Г-ин Тодор Стојанов, од друга страна.
Новиот колективен договор е усогласен со измените и дополнувањата на Законот за работни односи како и со Одлуката на Уставниот суд од април 2013 година, во смисла на статусот на вработените во јавните претпријатија. Со него се уредуваат и доуредуваат правата, обврските и одговорностите кој произлегуваат од работниот однос како договорен однос, а пред се следните институти: постапката за вработување, содржината на договорот за вработување, промена на договорот за вработување, откажување на договорот за вработување, распоредување на работниците, работното време, паузи, одмори и платени отсуства, плаќањето на работата, односно најниската плата и коефициентите и групи на сложеност за секое работно место согласно актот за систематизација, надомест на трошоците повразани со работата, стручно оспособување и образование на работниците, односот помеѓу синдикатот и работодавачот, информирање и консултирање на вработените, правото на штрајк, начинот на следење на примената, толкувањето и важењето на договорот како и можноста за продолжување на неговата важност со писмена спогодба помеѓу договорните страни по истекот на неговата важност.
Клективниот договор стапува во сила со неговото потпишување и објавување на огласна табла кај работодавачот, а истиот ќе се евидентира кај Синдикатот на администарцијата и државната упрвава на Македонија и ќе се објави на веб страната на синдикатот.