Од 15ти -18ти овој месец се одржаа Третите синдикални спортски игри во организација на Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија. Местото на одржување и оваа година, на терените на хотел Десарет во Охрид.
Оваа година можеме да се пофалиме со голема заинтересираност за учество во сите дисциплини и еден натпреварувачки дух кој само позитивно влијаеше за поголема дружба мегу синдикалците.
Овогодинешните синдикални спортски игри имаа регионална големина ,бидејќи беа присутни гости претставници од синдикатот “Подкрепа” од Бугарија и “Независност” од Србија кои изразија големо задоволство и благодарност што беа наши гости.
Спортските игри беа свечено отворени на фудбалското игралиште на хотел Десарет од страна на Претседателот на САДУ, Благоја Ралповски кој со краток говор во кој посака добра дружба, ги прогласи спортските игри за отворени
.
Оваа година освен постоечките дисциплини беше воведена и серва како нова дисциплина. Севкупен победник со најмногу освоени пехари беше Синдикалната организација при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија- ПИОМ.
Oсвен стандардните награди за освоените места по дисциплини беше доделена диплома за нај фер- плеј екипа која и припадна на СО на Катастарски службеници.
Овие спортски игри имаа голема поддршка од раководството на Конфедерацијата на слободни синдикати КСС кои ги проследија игрите како и од Директорите на институциите од каде доаѓаат натпреварувачите односно синдикалните членови.
По прогласувањето на најдобрите екипи, Претседателот на САДУ го искажа своето задоволство за успешноста на овие спортски игри и ги прогласи за завршени.
Ова се резултатите во сите дисциплини во машка и женска конкуренција:
Кошарка
- мажи
I. СО на Правосудство
II. СО на КПУ Затвор Скопје
III. СС за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија
- жени
I. СО на Правосудство
II.СО на Катастарски службеници
III. СО на Центри за социјална работа
Пикадо
- мажи
I. СО на ГТЦ Скопје
II . СО на ПИОМ
III. СО на Агенција за вработување на Македонија
- жени
I.СО на Катастарски службеници
II. СО на Агенција за храна и ветеринарство
III. СО на ПИОМ
Пинг понг
- мажи
I. СС за земјоделство, шумарство и водостопанство
II . СО на ПИОМ
III. СО на Управаза водење матични книги
- жени
I. СО на ФЗОМ
II . СО на АВРМ
III. СО на ПИОМ
Шах
- мажи
I. СО на КПУ Затвор Скопје
II. СО на Правосудство
III. СОКС
- жени
I. СО на Правосудство
II. СО на КПУ Затвор Скопје
III. СО на ГТЦ Скопје
Фрлање ѓуле
- мажи
I. СО на ПИОМ
II. СО на АХВ
III. СО на КПУ Затвор
- жени
I.СО на ПИОМ
II.СО на КПУ Затвор Скопје
III. СО на Правосудство
Скок во далечина
- мажи
I. СО на КПУ Затвор Скопје
II. СО на ГТЦ Скопје
III. СО на ПИОМ
- жени
I. СО на АВРМ
II.СО на Катастарски службеници
III. СО на ЈП Стрежево
Трчање 60 метри
- мажи
I. СО на ГТЦ Скопје
II. СО на АХВ
III. СО на ЦСР на РМ
- жени
I. СО на Катастарски службеници
II. СО на ЈП Стрежево
III. СО на КПУ Затвор Скопје
Куглање
- мажи
I. СО на ГТЦ Скопје
II СС за земјоделство, шумарство и водостопанство
III. СО на Катастарски службеници
- жени
I. СО на ГТЦ Скопје
II. СО на Катастарски службеници
III. СО на ПИОМ
Стрелаштво
- мажи
I. СС на ЗШВ
II. СО на КПУ Затвор Скопје
III. СО на ГТЦ Скопје
- жени
I. СО на Фонд за здравствено осигурување на Македонија
II. СО на ПИОМ
III. СО на АХВ
- заеднички дисциплини
Влечење јаже
I. СС на ЗШВ
II. СО на КПУ Затвор Скопје
III. СО на Правосудството
Волеј бич
I.СС на ЗШВ
II. Со на ГТЦ Скопје
III. СО на ФЗОМ