Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија за порталот Работник даде изјава по однос на случувањата по одржаниот протест на 08.06.2019 година. САДУ оствари неколку средби со Министерот за информатичко општество и администрација, како и безброј пати се обрати до надлежните по однос на своите предлози и барања за почитување на социјалниот дијалог во врска со многу Закони, права од законските регулативи, но очигледно дека гласот на работникот не се слуша, социјалниот дијалог не постои, а синдикатите не се сметаат за социјален партнер т.е. се одбираат селективно за склучување договори, спогодби со цел на уназадување на нашите права и манипулирање со јавноста.
На тие средби ни беше ветувано дека ќе се исполнат нашите барања, но по се изгледа дека ветувањата остануваа само во салата за состаноци. Нашите барања се согласно законот и Општиот Колективен договор за јавен сектор и тие ни следуваат според секоја законска одредба.
Беше ветено дека ќе се даде како обврска од Законот кариерното унапредување, но некаде е дадено, некаде селективно, некаде воопшто не е дадено. Законот за административни службеници се менува само во делот на желбите на одредени владеачки структури, но не и тоа што беше ветено туку напротив се направи можност за отпуштање на наши колеги, што секако се најавува од месец септември. Се направија измени и во Законот за инспекциски надзор, Законот за спроведување санкции, социјална заштите, судска служба, но не беа прифатени нашите барања, како што ветуваше Владата, напротив се даде акцент на селективност, дискриминација и подготвување услови за бркање на наши членови, наши колеги од јавниот сектор.
САДУ активно се приклучи кон активностите на КСС и низ протести побара да се покачат платите за 25%, како што велат тоа покачување им следува согласно законот, бидејќи минималната плата е покачена за исто толкав процент, настана порамнување на платите на одредени носители на дејност и секако се скрати распонот по вертикала на платите во јавниот сектор.
Од позиција на моќ им се вршат уцени и притисоци на нивните членови и притисокот не попушта туку напротив станува се поголем. Нашите членови постојано се изложени на закани и уцени од страна на одредени моќни. Тоа мора да престане. Срамно е во 21 век да се немаат основи работнички права.
Целиот текст можете да го прочитете на Порталот rabotnik.com.mk







