Во периодот од 4 до 7 јуни 2026 година, во хотел Метропол во Охрид се одржаа десеттите Синдикални спортски игри во организација на САДУ, кои повторно ги обединија членовите на синдикалните организации во духот на спортот, пријателството и меѓусебната соработка.
Настанот беше свечено отворен од претседателот на САДУ, Благоја Ралповски, кој во своето обраќање ја истакна важноста на ваквите собири за зајакнување на синдикалното единство и градење на нови пријателства.
Во текот на спортските игри натпреварувачите ги одмерија силите во повеќе спортски дисциплини: мал фудбал, баскет, стрелаштво, шах, табла, пикадо, пинг-понг, серва, влечење јаже и одбојка на плажа. Натпреварите се одвиваа во фер и спортска атмосфера, а учесниците покажаа голема посветеност, тимски дух и желба за успех.
Најдобрите екипи и поединци беа наградени со пехари и признанија за освоените места, додека признанието за севкупен победник на десеттите Синдикални спортски игри го освои Синдикалната организација на Општина Охрид.
Спортските игри уште еднаш потврдија дека покрај натпреварувачкиот карактер, нивната најголема вредност е дружењето, размената на искуства и зацврстувањето на солидарноста меѓу синдикалните членови.
Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата што ги одбележа овогодишните игри.


































