Во периодот од 29 септември до 1 октомври 2026 година, во хотел „Цар Самуил“ во Струмица, се одржа VII Синдикална школа на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија – САДУ.
Во рамки на Синдикалната школа, синдикалните претставници и членови имаа можност да се информираат и едуцираат за новите законски решенија уште во фазата на нивната изработка и пред нивното донесување, со цел навремено да се подготват за нивната примена и имплементација.
Во рамки на школата беа реализирани три панел-дискусии посветени на актуелни и претстојни законски промени:
- Безбедност и здравје при работа – измени на Законот за безбедност и здравје при работа и Националната стратегија за безбедност и здравје при работа 2026–2030;
- Работни односи – изработка на новиот Закон за работни односи и неговата примена;
- Административни службеници – новиот Закон за административни службеници.
Преку панел-дискусиите, учесниците се запознаа со предвидените нови законски решенија, нивните можни ефекти врз работниците и синдикалното организирање, како и со предизвиците и обврските што ќе произлезат со нивната имплементација.
На панелите учествуваа универзитетски професори, правни експерти, стручни лица од областа на безбедноста и здравјето при работа, инспектори и други професионалци, што овозможи размена на знаења, стручни мислења и практични искуства.
Особено значење на Синдикалната школа е навременото информирање и подготовка на синдикалните претставници и членови за законските промени. САДУ продолжува да инвестира во знаењето и континуираната едукација на своето членство, со цел синдикатот навремено и подготвено да одговори на новите предизвици во областа на работните односи и заштитата на работничките права.















