Во периодот од 29.05 – 01.06.2025 год. во х. Метропол во Охрид се одржаа деветтите синдикални спортски игри на САДУ.
Традиционални деветти по ред спортски игри кои поминаа во дружење, добра забава и секако натпреварувачки дих.
Оваа година со повеќе учесници и повеќе гости, домашни и странски, игрите започнаа во четврток кога и беа свечено отворени од страна на Претседателот на САДУ, Благоја Ралповски.
Свое кратко обраќање имаа и гостите кои посакаа успешни игри и забава.
Свое обраќање имаше и Заменик Градоначалник од општина Охрид, г-ѓа Ана Крстеска која најпрво изрази благодарност за поканата, за тоа што го избираме Охрид за одржување на ваков голем настан, посака успешни спортски игри и убав престој во градот.
Дисциплините во кои се натпреваруваа екипите, во машка, женска и заедничка категорија, беа мал фудбал, баскет, пинг-понг, стрелаштво, шах, пикадо, серва, влечење јаже и одбојка.
Скоро сите синдикални организации извојуваа победа во некоја од категориите за што беа доделени и пехари за освоено трето, второ и прво место.
На крајот на овие спортски игри со најголемиот пехар како севкупен победник беше Синдикалната организација на катастарски службеници- СОКС.
Во прилог мал дел од атмосферата во која поминаа игрите: Галерија







