На 30ти ноември 2017 година, EPSU (Синдикат на Европскиот јавен сектор) и ETUI (Европски синдикален институт) објавија уникатна книга. Тоа е првата книга која што детално го опишува развојот на Европската синдикална федерација. Напишана е од Карола Фишбах-Пител, првиот генерален секретар на ЕПСУ, кој ја водеше Федерацијата цели две и пол децении. Таа ја раскажува приказната за EPSU и за европската синдикална соработка помеѓу синдикатите на јавните служби во период од 40 години.
Важно е за работниците и синдикатите да ја знаат историјата на нашите борби. Ние никогаш не добивме ништо бесплатно и моравме да се избориме за многу од нашите права, од правото на штрајк, право на одмор, платено отсуство, се до нашите слободни викенди, работна недела како и здравствена и безбедносна заштита при работа. Овие права беа остварени како резултат на кампањи, мобилизации и штрајкови, како и преговарање со работодавачите и владите. Ние се боревме за места на преговарачка маса на локално, национално, но и на европско ниво.
Оваа книга образложува зошто нашата европска синдикална работа е релевантна за нашата секојдневна активност на синдикатите. Таа фрла светлина врз се она добро што сме го направиле како синдикати да се здружиме во заедничка борба во интерес на нашите членови, но укажува и на нашите грешки кои сме ги направиле. Книгата е напишана во контекст на развојот на политиката на Европската Унија која ги засегнува работниците во јавните служби. Книгата ја опфаќа историјата за тоа како деловните интереси, земјите-членки и Европската комисија се обидоа да отворат јавни услуги за конкуренција и како синдикатите успеаја да се позиционираат во овие дебати.
Во текот на изминатите 20 години ЕУ е фокусирана на градење на единствен пазар, фокусирајќи се на зголемување на конкуренцијата на сметка на интересите на работниците или она што ние го нарекуваме Социјална Европа. Единствениот пазар може да ги прекине бариерите за бизнисите, но не прави ништо за да придонесе кон колективните вредности и права. Единствениот пазар не работи за подобар свет на обичните работници, а од истиот главно имаат корист само корпоративните елити .
Но, луѓето нема да дозволат да бидат управувани од пазарите и ќе се борат и понатаму. Постојано се отвараат многу дискусии за социјалните права на ЕУ и се започнуваат нови иницијативи за зајакнување на правата на работниците. Историјата на нашиот сојуз нè учи дека зајакнувањето на работничките права зависи од тоа само од соочувањето со владејачките сили и нашата борба за промени.
Синдикатот за администрација и државна управа е полноправна членка на Конфедерацијата на синдикати на јавниот европски сектор (EPSU)
Овде можете да ја преземете целата книга.