По успешно спроведената прва, следеше и втората синдикална школа во организација на САДУ.
Школата се одржа од 23-26.03.2017 год во хотел Бисер во Струга, за која имаше интерес и добар одзив од страна на синдикалните организации на САДУ. Дел од темите кои предизвикаа лавина од прашања, секако и одговори, беа оценување, дисциплински престап, распоредување на работно место, унапредување, утврдување на плата и надоместоци на плата секако од гледна точка на Законот за административни службеници.
Сесиите ги одржаа предавачи од Агенција за администрација, д-р Марјан Патлиџанковски, раководител на одделение за јавен оглас и административна селекција и Сулејман Сулејмановски кој е раководител на одделение за одлучување по жалби и приговори на јавни службеници.
На оваа школа како гостин присуствуваше и Почесниот претседател на КСС, Дојчин Цветаноски кој имаше свое излагање за синдикалното организирање и силата на синдикатот од минатото па се до денес.
Во текот на школата се даваа и забелешки во однос на законите и нивната примена произлезени од секојдневни ситуации со кои се соочуваат синдикалните членови.
На крајот на школата врз основа на забелешките се донесе заклучок кој ќе биде внесен во следните активности на САДУ.
Секако освен едукативниот дел, односно сесиите во текот на школата имаше забавен дел и дружење.