Во периодот од 29.09 до 01.10.2023 год. Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија ги одржа седмите по ред синдикални спортски игри во хотел Аквалина, Охрид.
Овие спортски игри ги одбележа спортскиот дух на сите учесници и секако желбата за дружење.
Дисциплините во кои се натпреваруваа екипите, во машка, женска и заедничка категорија, беа мал фудбал, баскет, пинг-понг, стрелаштво, шах, пикадо, серва, влечење јаже и одбојка.
Секоја синдикална организација си извојува победа во некоја од категориите за што беа доделени пехари за освоено трето, второ и прво место.
По успешно завршени спортски игри синдикалната организација која е севкупен победник е Синдикалната организација на правосудство.
Во прилог: галерија