Синдикалната школа на САДУ, оваа 2023 година, се одржа во периодот од 9ти до 11ти Јуни во хотел Аквалина во Охрид.
Синдикалната школа која е веќе воспоставен начин на едукација на САДУ се обработуваа теми кои се од интерес на членовите на сите синдикални организации при САДУ.
Се дискутираа моменталните состојби на синдикалната сцена во државата, а секако се осврна и внимание на синдикална едукација во однос на активности и поставеност на синдикатот, влијанието на синдикатот во јавниот сектор, синдикалното лидерство, колективното договарање и други алатки кои може да се употребат за да се беше подобри положбата на работниците во јавниот сектор.
На школата се изнесоа и конкретни моментални состојби со кои се соочуваат членовите во своите матични институции, како истите преку социјален дијалог може да се решат и какви реформи се потребни за подобрување на положбата на работниците.
Предавачи на школата беа Јаким Неделков, претседател на Синдикат за образование и наука на Македонија со долгогодишно синдикално искуство и проф. д-р. Лазар Јовевски кој е соработник на синдикатот и е добар познавач на синдикалните состојби во државата и експерт од областа на трудовото право.
На крајот од школата се донесоа и заклучоци во однос на понатамошното делување на синдикалните организации и секако САДУ како грански синдикат.
Во прилог: галерија