Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија се приклучи на протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија кој се одржа на 15.12.2018 год. во Прилеп како грански синдикат најзасегнат од случувањата во јавниот сектор и барањата кои КСС ги достави до соодветните министерства и Владата на Република Македонија.
Членовите на САДУ побараа работни места без притисок, овозможување на простојна плата со усогласување на минималната плата со основната плата во сите сектори, почитување на законите и колективните договори и согласно нив исплата на К-15 во јавниот сектор, а не само во приватниот сектор и најмногу од се да кажат НЕ за трансферот на вработени од јавниот во приватниот сектор.
САДУ и понатака останува да се бори за подобрување на работничките права и остварување на барањата кои преку Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија како нејзин член ги достави до Владата на Република Македонија и до сите релевантни страни кои имаат удел во подобрување на статусот на работникот во нашата држава.