Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија даде свој придонес во донаторската акција која ја спроведе Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија каде САДУ е член. Се изврши донација која се состоеше од средства за секојдневните потреби на децата со која се надеваме дека барем малку помогнавме во олеснување на секојдневниот живот.

Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
Покрај извршената донација, беше направена обиколка на СОС детското село каде менаџерскиот тим не запозна со стандардите на работа и начинот на функционирање на здружението, како и програмите на кои работат за зајакнување на децата и нивна инклузија во општествтото. Во моментов во СОС селото има 12 семејни куќи и пет дополнителни објекти. Селото е во можност да згрижи 84 деца а моментално се згрижени 69 деца на возраст од две до петнаесет години, за кои се грижат 12 СОС мајки.
Ова е благородна и хумана мисија на здружението кое работи со голема љубов и посветеност и се надеваме дека со овој наш чекор придонесовме за исполнување на таа мисија.






