Потпишан е колективен договор во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ при Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ на ниво на работодавач со кој се унапредуваат правата на вработените во истата.
Колективниот договор е потпишан во рамки на конструктивен дијалог и добра волја помеѓу двете страни и се надеваме дека овој Колективен договор ќе се почитува од страна на работодавачот, но и дека треба да се цени и почитува од страна на работниците.
Ние се надеваме дека овој колективен договор ќе се применува целосно во пракса, од страна на работодавачот, но и им порачуваме на вработените да се држат до него и да ги исполнуваат одредбите кои ги има пропишано, бидејќи на тој начин и тие ќе можат да ги остварат нивните права.
Дел од одредбите кои ги содржи Колективниот договор, се: засновање на работен однос, работното време, прекувремената работа, паузите, годишните одмори, платеното отсуство, неплатено отсуство, заштита на работниците при работа, плата, додатоци и надоместоци на плата, информирање на работниците, стручно оспособување и усовршување на работниците, условите за работата на синдикалната организација, правото на штрајк, остварување и заштита на правата на работниците и мирно решавање на работни спорови.